Турнири

Полуфиналистите се познати: Вечерва ќе се игра за место во големото финале на турнирот „Ресен 2026“

Сподели
Сподели

Возбудувањата на меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“ продолжија и синоќа со натпреварите од четвртфиналната фаза, по кои беа познати четирите екипи кои ќе се борат за пласман во големото финале.

Во првиот четвртфинален натпревар, екипата на Пекара Александар славеше со 3:2 против БХС Груп и обезбеди место меѓу четирите најдобри.

Пласман во полуфиналето избори и Инекс Олгица, која во неизвесен натпревар минимално со 1:0 го совлада составот на Солар Билд.

Најголема драма беше видена на дуелот помеѓу Студио 13 и Сливница. По регуларните 40 минути резултатот беше 2:2, а по подоброто изведување на пенали со 4:2 славеше Студио 13.

Пенал рулетот го реши и последниот четвртфинален натпревар, во кој АСП ПАК по 0:0 во регуларниот тек со 3:2 на пенали ја елиминираше екипата на Викса Пром.

Вечерва на програмата се полуфиналните пресметки. Од 20:00 часот ќе играат Инекс Олгица и Пекара Александар, додека од 22:00 часот силите ќе ги одмерат Студио 13 и АСП ПАК.

Меѓу двата полуфинални натпревари, од 21:00 часот ќе се одигра и ревијален натпревар на ФК Преспа Младинци.

Спортска Мрежа, како и во изминатите години, е медиумски покровител на турнирот „Ресен 2026“, кој важи за еден од најдобро организираните турнири во мал фудбал во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!