Турнири

ФОТО: Томе Електрик, Гостилница Кај Мече и Екстра Скопско запишаа победи на турнирот „Петровден“ во Мешеишта

Сподели
Сподели

Продолжија возбудувањата на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, каде и вечерва бројната публика имаше можност да проследи интересни и ефикасни натпревари.

Во рамките на денешната програма беа одиграни три натпревари, а на теренот беа постигнати вкупно 16 погодоци.

Во првиот натпревар од Групата Б, екипата на Томе Електрик забележа убедлива победа над Попоски Инженеринг Кафе Дома со резултат 8:2, покажувајќи одлична офанзивна игра.

Сигурен настап имаше и составот на Гостилница Кај Мече, кој во дуел од Групата Е без поголеми проблеми славеше против Кибо Пласт со убедливи 4:0.

Во последниот натпревар од вечерта, Екстра Скопско ги освои бодовите во Групата Ф откако со 2:0 беше подобар од АД Галеб.

Резултати од неделната програма:

• Попоски Инженеринг Кафе Дома – Томе Електрик 2:8 (Група Б)

• Гостилница Кај Мече – Кибо Пласт 4:0 (Група Е)

• АД Галеб – Екстра Скопско 0:2 (Група Ф)

Турнирот продолжува и во понеделник (22 јуни), кога на програмата се нови три интересни натпревари:

• 20:30 часот: Др. Баткоски – Етно Ресторан Дедо Димо (Група Х)

• 21:30 часот: Екстра Скопско – Златара Бени Ерол (Група Ф)

• 22:30 часот: Виена Комерц – ДООЕЛ Ноче (Група Ц)

Турнирот „Петровден“ во Мешеишта и оваа година уште еднаш потврдува дека е еден од најдобро организираните турнири во регионот, а „Спортска Мрежа“, како и во изминатите години, е медиумски покровител на оваа спортска манифестација.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!