Турнири

Десово Градба со максимален учинок на „Црнилиште Куп 2026“, убедлива победа и за KF Vëllazërimi

Сподели
Сподели

Продолжија возбудувањата на традиционалниот турнир во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“, кој и оваа година привлекува големо внимание кај љубителите на спортот и футсалот.

Во синоќешната програма беа одиграни три интересни натпревари, а најуспешна беше екипата на Десово Градба која забележа две победи и со максимален ефект ја заврши вечерта.

Во првиот натпревар Десово Градба славеше над Рибник Добреноец со резултат 3:1, покажувајќи квалитетна и ефикасна игра.

Во вториот дуел, составот на KF Vëllazërimi беше убедлив против Рибник Добреноец и забележа висока победа од 8:3 во натпревар исполнет со голови.

Најинтересно беше во последниот натпревар од вечерта, каде Десово Градба уште еднаш се радуваше на победа, совладувајќи го KF Vëllazërimi со 5:3.

Резултати:

Рибник Добреноец – Десово Градба 1:3

Рибник Добреноец – KF Vëllazërimi 3:8

Десово Градба – KF Vëllazërimi 5:3

Турнирот „Црнилиште Куп 2026“ и оваа година потврдува дека е еден од најдобро организираните турнири во регионот, а „Спортска Мрежа“, како и во изминатите години, е медиумски покровител на оваа спортска манифестација.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!