Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Женската У17 репрезентација на Македонија ја декласира Романија и го освои второто место во Букурешт

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години оствари убедлива победа над домаќинот Романија со 93:26 во последното коло од турнирот „Rising Stars“ што се одржа во Букурешт.

Избраничките на селекторот Виктор Петровски уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и по првата четвртина имаа висока предност од 27:8. Македонските кошаркарки продолжија во ист ритам и до полувремето ја зголемија разликата на убедливи 62:17, со што практично го решија победникот.

Посебно импресивна беше играта во последната четвртина, во која нашата селекција му дозволи на противникот да постигне само еден поен, и тоа од линијата за слободни фрлања.

Со оваа победа Македонија го заврши турнирот со учинок од две победи и еден пораз, што беше доволно за освојување на второто место во конечниот поредок.

Најефикасна во македонскиот состав беше Милосављевиќ со 13 поени и шест скока, додека Колева и Трајковска постигнаа по 11 поени. Дополнителна вредност за тимот е фактот што сите кошаркарки кои добија шанса за настап се запишаа во листата на стрелците.

Турнирот во Букурешт претставуваше уште едно успешно меѓународно искуство за младата македонска селекција, која остави одличен впечаток во текот на тридневниот престој во романската престолнина.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!