Останати репрезентацииРепрезентација

Ведрана Тунески овои златен медал на Г1 турнирот во Сараево

Сподели
ФОТО: Таеквондо федерација на Македонија
Сподели

Ведрана Тунески од ТК Бутел освои златен медал на силниот меѓународен Г1 турнир „Сараево Опен“, откако доминантно стигна до највисокото место на победничкиот пиедестал во категоријата кадетки до 51 килограм.

Македонската таеквондистка како прв носител на турнирот беше слободна во првото коло, а потоа започна нејзиниот победнички поход. Во второто коло со убедливи 2:0 ја совлада Зејнеп Доргу од Турција, додека во четвртфиналето беше подобра од Арина Ткачева од Русија, исто така со резултат 2:0.

Одличните настапи продолжија и во полуфиналето, каде Тунески со 2:0 ја победи Далиа Сивиќ од Босна и Херцеговина и обезбеди место во големото финале.

Во борбата за златниот медал, Ведрана уште еднаш го потврди својот квалитет и убедливо ја совлада руската натпреварувачка Ксенија Гушева, која пред само два дена беше крунисана за европска клупска шампионка во истата категорија.

Со четири убедливи победи без загубена рунда, Тунески стигна до заслуженото злато и уште еднаш покажа дека е една од најперспективните македонски таеквондистки на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!