Продолжуваат возбудувањата на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, кој и оваа година собра голем број екипи и љубители на фудбалот.
Во рамките на натпреварите кои се одиграа вечерва беа постигнати вкупно 23 погодоци, а најубедлив триумф забележа екипата на Чардак Велгошти, која во натпревар од Групата Г славеше со убедливи 16:1 против Дебрца Експрес.
Во Групата Ц, БЗ Груп Струга минимално, но заслужено стигна до трите бода откако го совлада Дооел Ноче со 1:0.

Убедлив настап имаше и составот на Охридски Бисер Филеви, кој во натпревар од Групата Д со 4:1 беше подобар од Хотел Тино.

Резултати од саботната програма:
• Чардак Велгошти – Дебрца Експрес 16:1 (Група Г)
• Дооел Ноче – БЗ Груп Струга 0:1 (Група Ц)
• Хотел Тино – Охридски Бисер Филеви 1:4 (Група Д)
Турнирот продолжува и во недела (21 јуни), кога на програмата се три нови интересни натпревари:
• 20:30 часот: Попоски Инженеринг Кафе Дома – Томе Електрик (Група Б)
• 21:30 часот: Гостилница Кај Мече – Кибо Пласт (Група Е)
• 22:30 часот: АД Галеб – Екстра Скопско (Група Ф)

Турнирот „Петровден“ во Мешеишта и оваа година важи за еден од најдобро организираните турнири во регионот, а Спортска Мрежа, како и во изминатите години, е медиумски покровител на оваа спортска манифестација.