Останати репрезентацииРепрезентација

Нов бронзен медал за Дејан Ѓорѓиевски и важни бодови за олимписки игри

Сподели
ФОТО: Таеквондо федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот таеквондист Дејан Ѓорѓиевски освои бронзен медал на Европското клупско првенство кое се одржа во Босна и Херцеговина, притоа освојувајќи и нови вредни бодови во трката за пласман на Олимписките игри.

Нашиот најдобар таеквондист, кој беше еден од носителите на турнирот, во првото коло беше слободен. Во четвртфиналето Ѓорѓиевски прикажа одличен настап и со убедливи 2:0 во рунди го совлада Иса Саиди од Австрија, обезбедувајќи место меѓу четворицата најдобри натпреварувачи.

Во полуфиналната пресметка, македонскиот репрезентативец се соочи со искусниот Сеиф Еиса од Египет. И покрај големата борба и желба за пласман во финалето, Ѓорѓиевски беше поразен и мораше да се задоволи со бронзениот медал.

Овој успех претставува уште еден значаен резултат во кариерата на македонскиот олимписки вицешампион, кој продолжува да собира важни бодови на меѓународната сцена и да ја одржува својата позиција меѓу најдобрите таеквондисти во светот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!