Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Порази за машката и женската У17 кошаркарска репрезентација на турнирот во Букурешт

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонските кошаркарски репрезентации до 17 години забележаа два порази на вториот ден од меѓународниот турнир „Рисинг Старс“ кој се одржува во Букурешт, Романија.

Машката селекција не успеа да се спротивстави на силната репрезентација на Грција и беше поразена со убедливи 94:50. Грците уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам и по првата четвртина имаа висока предност од 32:7, што се покажа како клучно за конечниот исход.

До полувремето противникот водеше со 54:25, а по три четвртини резултатот беше 73:41. Во последниот период Грција само ја потврди победата за конечни 94:50.

Најефикасен во македонскиот состав беше Стевков со 16 поени, додека Ѓиноски постигна седум, а Котевски шест поени.

Во последното коло од турнирот, македонските кадети во недела од 16:30 часот ќе се соочат со селекцијата на Романија Син .

По победата над Молдавија во првото коло, женската репрезентација до 17 години беше поразена од Романија Син со 58:27.

Нашите кошаркарки беа рамноправни во воведните минути, но домаќинот во втората четвртина создаде двоцифрена предност од 25:13. Романките продолжија со добрата игра и во третиот период, кога стигнаа до убедливи 43:22, предност која ја задржаа до самиот крај за конечни 58:27.

Во последниот натпревар на турнирот, македонските кошаркарки утре од 09:00 часот ќе играат против селекцијата Романија Жолт.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!