Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските кошаркари подготвени за првиот тест против Бугарија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА прозорец од претквалификациите за Европското првенство 2029. Првата проверка на формата и сработеното во досегашниот дел од подготовките избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал ќе ја имаат против селекцијата на Бугарија.

По неколкудневните тренинзи во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, македонските кошаркари во недела ќе отпатуваат во Самоков, каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар во рамките на подготвителниот период.

За дуелот со Бугарија, стручниот штаб ќе смета на 13 кошаркари. Репрезентацијата ја предводи капитенот Војдан Стојановски, а во составот се и Стојан Ѓуроски, Марин Петков, Валмир Какруки, Виктор Ефремовски, Лука Стојановски, Амар Хот, Павел Иванов, Виктор Ташовски, Мухамед Тачи, Марко Луканоски, Петар Бошалески и Тома Стојаноски.

Контролниот натпревар меѓу Бугарија и Македонија ќе се одигра во недела со почеток од 18:00 часот според македонско време и ќе претставува важен тест за „црвено-жолтите“ пред официјалните обврски во јулскиот циклус.

Македонија ја очекуваат уште два натпревари во групата А од претквалификациите за Евробаскет 2029. На 2 јули во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Ирска, додека три дена подоцна, на 5 јули, ќе гостува кај селекцијата на Луксембург.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!