Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со пораз од Израел го заврши настапот на Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија доживеа пораз од селекцијата на Израел со максимални 3:0 во сетови во последниот натпревар од овогодинешното издание на Европската лига.

Израелците уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра и го добија првиот сет со 25:19. Во вториот сет македонските одбојкари се обидоа да пружат посилен отпор, но противникот повторно беше подобар и славеше со идентични 25:19. Во третиот сет Израел целосно ја контролираше играта и со убедливи 25:14 стигна до конечна победа од 3:0.

Најефикасен во македонскиот состав беше капитенот Никола Ѓоргиев со 15 освоени поени. Филип Савовски додаде седум, а Стојан Илиев пет поени.

Со овој натпревар Македонија го заврши настапот на овогодишното издание на Европската лига. Нашите одбојкари во текот на натпреварувањето имаа можност да стекнат драгоцено искуство и да ги одмерат силите со квалитетни европски селекции, што ќе биде значајно за идните репрезентативни предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!