Фудбал

Вардар ги закажа последните проверки пред Лигата на шампионите, следуваат четири тестови во Италија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонскиот шампион Вардар ја финализираше програмата за контролните натпревари во рамки на подготовките за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ ќе престојуваат во Италија до 2 јули, каде ќе одиграат четири пријателски средби со цел стручниот штаб да ја темпира формата пред европските предизвици што следуваат.

Првиот тест за Вардар е закажан за 23 јуни против селекцијата на Умбрија. Два дена подоцна, на 25 јуни, македонскиот шампион ќе ги одмери силите со Норча Калчо.

Подготовките продолжуваат на 27 јуни со натпревар против Ла Фиорита, еден од познатите клубови од шампионатот на Сан Марино, додека последниот контролен дуел е предвиден за 30 јуни против Виртус, уште еден претставник од оваа земја.

Со овие четири проверки Вардар ќе ја заокружи подготовката пред стартот на европската авантура. Македонскиот шампион веќе го дозна и противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, каде ќе се соочи со финскиот шампион КуПС.

Стручниот штаб ќе има можност во Италија да ги провери сите расположливи сили и да го подготви тимот за еден од најважните предизвици во сезоната, во обид Вардар повторно да остави белег на европската сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Фудбал

ФОТО: По повеќе од две децении започнува реконструкција на Градскиот стадион во Кочани

По повеќе од 20 години, Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани конечно ќе добие реконструкција. Проектот, кој долго време беше желба на спортската...

Фудбал

Вардар ги закажа последните проверки пред Лигата на шампионите, следуваат четири тестови во Италија

Македонскиот шампион Вардар ја финализираше програмата за контролните натпревари во рамки на подготовките за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на...

Поврзани написи
Фудбал

ФОТО: По повеќе од две децении започнува реконструкција на Градскиот стадион во Кочани

По повеќе од 20 години, Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани конечно...

Прва лигаФудбал

Искусниот Буњамин Шабани останува во редовите на Струга Трим Лум

Струга Трим Лум продолжува да го задржува искусното јадро на тимот за...

Прва лигаФудбал

Прволигашот Шкендија Арачиново се засили со искусниот Марко Симоновски

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува да го засилува својот состав во пресрет...

Втора лигаФудбал

Камјани не застанува: Пристигна Арсим Љамалари, следуваат нови трансфер „бомби“!

Новиот второлигаш Камјани сериозно се подготвува за својата дебитантска сезона во Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!