Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Петти пораз за одбојкарките на Македонија, Хрватска пресилна во Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и петтиот пораз во Европската лига, откако вчера беше поразена од селекцијата на Хрватска со максимални 3:0 во сетови.

Хрватките уште од самиот почеток го наметнаа своето темпо и без поголеми проблеми го добија првиот сет со 25:15. Македонските одбојкарки не успеаја да пронајдат решение ниту во вториот сет, кој противникот го доби со убедливи 25:12.

Во третиот сет избраничките на селекторот Гавриловиќ се обидоа да пружат посилен отпор, но Хрватска повторно беше подобар ривал и со 25:15 го завери триумфот од 3:0.

Со овој пораз Македонија останува без победа по пет одиграни натпревари во Европската лига, додека Хрватска запиша нов важен триумф во борбата за повисок пласман на табелата.

Најефикасна во редовите на Македонија беше Милевска со седум освоени поени. Нашите одбојкарки не успеаја да му парираат на поквалитетниот противник, но ќе имаат можност за поправен веќе во следниот натпревар.

Следниот предизвик за македонската репрезентација е во недела, кога ќе се соочи со селекцијата на Словенија. Натпреварот е закажан со почеток од 19:00 часот, а одбојкарките ќе се обидат да дојдат до првиот триумф во овогодинешното издание на Европската лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!