Фудбал

ФОТО: По повеќе од две децении започнува реконструкција на Градскиот стадион во Кочани

Сподели
Сподели

По повеќе од 20 години, Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани конечно ќе добие реконструкција. Проектот, кој долго време беше желба на спортската јавност во градот, влегува во завршна фаза на подготовка, а наскоро се очекува и почеток на градежните активности.

Во пресрет на реализацијата на проектот, на стадионот беше извршен увид во моменталната состојба на поттрибинскиот простор. На увидот присуствуваа претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Кочани, Александар Андов, секретарот на Општина Кочани, како и претставникот на Фудбалската федерација на Македонија, Илија Илиев – Рома.

Од ОФС Кочани посочуваат дека реконструкцијата ќе значи многу подобри услови за работа на спортските клубови, спортистите и сите љубители на фудбалот во градот.

Во врска со посетата и најавените активности, претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов, изјави:

„Денес бев присутен на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани заедно секретарот на општина Кочани и претставник од Фудбалската Федерација на Македонија каде се изврши увид во моменталната состојба на поттрибинскиот простор од страна на претставник определен од Фудбалската федерација на Македонија.

Набргу се очекува да започнат и градежните активности за реконструкција на стадионот – проект кој е од огромно значење за нашиот град и за спортот во Кочани.

Горд сум што по повеќе од 20 години ќе започне реконструкцијата на нашиот стадион, со што ќе се создадат подобри услови за спортистите, клубовите и сите љубители на фудбалот. Посебна благодарност до претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, г-дин Масар Омерагиќ, за големата поддршка и посветеноста во унапредувањето на спортската инфраструктура низ цела Македонија“, вели претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов.

Реконструкцијата на стадионот „Никола Мантов“ се очекува да донесе значително подобрување на инфраструктурните услови во Кочани и да претставува нов поттик за развојот на фудбалот и спортот во регионот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!