Како тргнало Општинската фудбалска лига во Струмица следната сезона може да има и над 20 екипи, а за што потврда е одличната организација која оваа натпреварување кое е четврто по ранг на натпреварување го имаше минатата сезона.
Ланската сезона шампионска стана Огражден од Ново Село, во конкуренција на осум екипи, седум од струмичко и една од радовишко.
Но, во новата сезона веќе има најави за учество и на ново екипи со што многу лесно може да се стигне до бројка од 20 екипи во оваа натпреварување, а покрај екипи од струмичко, од радовишко се очекува поголем број на екипи, односно покрај екипата на Слога од радовишко Злеово, да се реактивира уште некој клуб.
ФК Василево повторно се активира: По години пауза клубот се враќа на фудбалските терени
Веќе Спортска Мрежа пишуваше за тоа кои екипи имаат интерес да се вратат на фудбалската карта на Македонија.