ФудбалЧетврта лига

ФК Василево повторно се активира: По години пауза клубот се враќа на фудбалските терени

Сподели
Сподели



Убави вести пристигнуваат од општина Василево. По повеќегодишна пауза, ФК Василево повторно ќе биде активен и ќе се врати на фудбалската сцена, носејќи нова надеж за развој на спортот и младите во оваа општина.

Враќањето на клубот претставува значаен момент за локалната спортска јавност, со оглед на тоа што ФК Василево во минатото беше препознатлив спортски колектив кој обединуваше генерации, создаваше пријателства и претставуваше гордост за жителите на Василево.

За повторното активирање на клубот се огласи и градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, кој најави целосна институционална поддршка за развојот на клубот во иднина.

„Денес испишуваме нова страница во спортската историја на Василево. По години на тишина, ФК Василево повторно ќе се активира и повторно ќе се натпреварува. Клубот кој обединуваше генерации, создаваше пријателства и будеше гордост кај секој жител на Василево, повторно се враќа таму каде што припаѓа – на фудбалските терени. Како градоначалник, ветувам дека ФК Василево ќе ја има целосната поддршка од Општина Василево. Ќе бидеме партнер на клубот во неговото обновување и развој, затоа што спортот е инвестиција во младите и во иднината на нашата општина. Василево заслужува силен и организиран спорт, а ФК Василево заслужува повторно да биде гордост на нашето место“, вели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

Повторното активирање на ФК Василево претставува значаен чекор за спортскиот живот во општината. Очекувањата се клубот постепено да ја врати својата препознатливост и повторно да стане место каде младите фудбалери ќе ги прават своите први чекори, а навивачите повторно ќе имаат можност да уживаат во фудбалски натпревари на домашен терен.

Со поддршка од локалната самоуправа и ентузијазмот на луѓето кои стојат зад проектот, ФК Василево започнува ново поглавје со амбиција повторно да биде спортска гордост на својата средина.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а македонскиот третолигашки фудбал ќе биде поделен во шест регионални групи, една...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година трагично почина Даниел Николовски, млад фудбалер кој својот живот го посвети...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

Трета лигаФудбал

Филип Лазаров нов голман на третолигашот БВК Коњаре

Третолигашот БВК Коњаре има нов голман – Филип Лазаров ќе го чува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!