Останато

Ивана Пејовска ја претставуваше Македонија на Тренерската конвенција на ЦЕВ во Португалија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Младата македонска тренерка Ивана Пејовска, која е дел од Академијата „Газели Волеј“, беше македонски претставник на „Тренерската конвенција 2026“, организирана од Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) од 12 до 14 јуни во португалскиот град Вијана до Кастело.

Станува збор за седмото издание на Конвенцијата, која се реализира во рамки на проектот „Играј одбојка – расти со неа“. Главен акцент на овогодишната програма беше ставен на создавање позитивна, инклузивна и развојно ориентирана тренерска методологија во работата со деца и млади категории.

ФОТО: ОФМ

Пејовска беше дел од група од околу 60 тренери од повеќе европски земји кои во текот на тридневниот настан имаа можност да следат предавања, практични презентации и да разменуваат искуства. Темите беа насочени кон тренажниот процес кај младите, физичката подготовка соодветна на возраста, како и развојот на спортистите преку креативен и современ пристап во тренинзите.

ФОТО: ОФМ

Учество на вакви настани претставува значајна можност за професионален развој на тренерите и унапредување на работата со младите одбојкари во Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Камјани не застанува: Пристигна Арсим Љамалари, следуваат нови трансфер „бомби“!

Новиот второлигаш Камјани сериозно се подготвува за својата дебитантска сезона во Втората македонска фудбалска лига, а раководството веќе започна со засилување на играчкиот...

Втора лигаФудбал

Дарко Стојанов се раздели со Кожуф по успешно завршената мисија

Искусниот дефанзивец Дарко Стојанов повеќе не е дел од второлигашот Кожуф. По завршувањето на сезоната, 36-годишниот стопер и клубот од Гевгелија се разделија,...

Поврзани написи
Останато

Марко Алексовски двоен шампион на „Црна Река Опен 2026“ во Кавадарци

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски продолжува да реди успеси на меѓународната сцена....

Останато

Историско сребро за Македонија на Европското училишно првенство во баскет 3х3

Македонските ученици испишаа историја на Европското училишно првенство во баскет 3х3 кое...

Останати репрезентацииОстанато

Ѓоко Динески: Целта е пласман на Светското јуниорско и Светското сениорско првенство

Македонската биатлон репрезентација ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Во моментов...

Останато

Струмица 47&72 во европско друштво

Поранешниот македонски првак Струмица 47&72 ќе биде меѓу претставниците на македонската клупска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!