Останато

Три македонски клубови аплицираа за настап во европските купови на ЦЕВ

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Три македонски одбојкарски клубови поднесоа пријави за учество во европските клупски натпреварувања на ЦЕВ за сезоната 2026/27. Станува збор за машкиот шампион Штип УГД, како и женските екипи Работнички Скопје и Јанта Волеј Кисела Вода.

Штип УГД, како актуелен шампион на Македонија, го искористи правото за настап во ЦЕВ Лигата на шампионите. За штипскиот состав ова ќе биде историски прв настап во најелитното европско клупско натпреварување, откако минатата сезона дебитираше на европската сцена во ЦЕВ Челинџ купот.

Кај дамите, Работнички Скопје ќе ја продолжи европската традиција и петта сезона по ред ќе настапува во некое од натпреварувањата на ЦЕВ. По трите учества во Лигата на шампионите и минатогодишниот настап во Челинџ купот, скопскиот клуб повторно се пријави за третото по ранг европско натпреварување.

Амбиции за европски настап има и Јанта Волеј Кисела Вода, која аплицираше за специјална покана за учество во ЦЕВ Челинџ купот. По успешната дебитантска сезона во македонската елита, клубот се надева на можност да се претстави и на меѓународната сцена.

Конечната листа на учесници ЦЕВ ќе ја објави до крајот на месецот, додека ждрепката за сите три европски клупски натпреварувања ќе се одржи на 15 јули во седиштето на организацијата во Луксембург.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!