Останато

Ивана Пејовска ја претставуваше Македонија на Тренерската конвенција на ЦЕВ во Португалија

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Младата македонска тренерка Ивана Пејовска, која е дел од Академијата „Газели Волеј“, беше македонски претставник на „Тренерската конвенција 2026“, организирана од Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) од 12 до 14 јуни во португалскиот град Вијана до Кастело.

Станува збор за седмото издание на Конвенцијата, која се реализира во рамки на проектот „Играј одбојка – расти со неа“. Главен акцент на овогодишната програма беше ставен на создавање позитивна, инклузивна и развојно ориентирана тренерска методологија во работата со деца и млади категории.

ФОТО: ОФМ

Пејовска беше дел од група од околу 60 тренери од повеќе европски земји кои во текот на тридневниот настан имаа можност да следат предавања, практични презентации и да разменуваат искуства. Темите беа насочени кон тренажниот процес кај младите, физичката подготовка соодветна на возраста, како и развојот на спортистите преку креативен и современ пристап во тренинзите.

ФОТО: ОФМ

Учество на вакви настани претставува значајна можност за професионален развој на тренерите и унапредување на работата со младите одбојкари во Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!