Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново го донесе првото засилување: Матеус Лемос се враќа во македонскиот фудбал

Сподели
Сподели

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново го официјализираше првото засилување во пресрет на дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов член на тимот е бразилскиот фудбалер Матеус Лемос, кој повторно ќе настапува на македонските терени.

Станува збор за крилен офанзивец кој добро е познат на домашната фудбалска јавност, откако во минатото ги носеше дресовите на Вардар и Македонија Ѓорче Петров. Токму со „лавовите“ од Ѓорче Петров Лемос успеа да го освои Купот на Македонија и остави значаен белег со своите настапи.

Бразилецот во Арачиново доаѓа од редовите на Индепенденсија од Бразил, а од клубот веруваат дека неговото искуство стекнато во македонскиот и интернационалниот фудбал ќе биде голем плус за екипата во прволигашките предизвици.

„Добредојде, Матеус Лемос! Шкендија Арачиново го претставува првото засилување за новата сезона во Првата лига на Македонија. Бразилскиот фудбалер му се приклучува на нашето семејство, носејќи со себе искуство од домашниот и меѓународниот фудбал. Со голема посветеност и амбиција продолжуваме да градиме конкурентен тим за предизвиците што нè очекуваат“, соопштија од клубот.

Со ангажманот на Лемос, Шкендија Арачиново испраќа јасна порака дека сака да биде конкурентна во својата прва сезона меѓу најдобрите македонски клубови.

Раководството и стручниот штаб веќе работат на засилување на ростерот, а Бразилецот е првото име во летниот преоден рок.

Во меѓувреме, тимот ги започнува подготовките за новата сезона. Првиот дел од подготовките ќе се реализира во Скопје, по што фудбалерите ќе заминат на подготовки во Банско, Бугарија, каде ќе ја темпираат формата за историскиот настап во македонската фудбалска елита.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Тиверија Брера која во првата фаза беше слободна одбраната на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со два бода и со второ место на тековната табела во групата...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!