ФудбалФутсал

КМФ Проект ја продолжи соработката со Трајче Димитриев

Сподели
Сподели

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект продолжува со задржувањето на костурот на тимот кој минатата сезона испиша историја, откако клубот ја продолжи соработката со Трајче Димитриев и за сезоната 2026/2027.

Од клубот од Јосифово истакнуваат дека Димитриев е еден од играчите кои континуирано напредуваат и го градат својот пат во зелено-црниот дрес.

Со својата дисциплина, посветеност и професионален однос, тој претставува важен дел од сегашноста, но и иднината на КМФ Проект.

Димитриев се издвојува со својата цврстина во дефанзивата, сигурност во дуелите и подготвеност секогаш да го стави тимскиот интерес пред личниот. Токму тие квалитети му носат доверба од стручниот штаб и раководството на клубот.

„Трајче Димитриев и во наредната сезона останува дел од КМФ Проект. Трајче е човек кој чекор по чекор го гради својот пат во нашиот клуб, пример за дисциплина, принципиелност и посветеност. Цврст во дефанзивата, сигурен во дуелите и секогаш подготвен да го стави тимот пред себе. Веруваме дека најдобрите денови за Трајче допрва доаѓаат, а ние сме горди што неговиот развој и иднина се врзани токму со КМФ Проект. Заедно продолжуваме“, велат од клубот.

Минатата сезона КМФ Проект ја освои двојната круна во македонскиот футсал, откако по вторпат во својата историја стана шампион на Македонија, а за првпат го освои и Купот на Македонија.

Во новата сезона клубот ќе биде македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите, каде ќе се обиде да оствари нов историски успех.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Тиверија Брера која во првата фаза беше слободна одбраната на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со два бода и со второ место на тековната табела во групата...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!