Втора лигаФудбал

ФК Брера: Продолжуваме посилни, поорганизирани и со јасна визија за иднината

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

ФК АП Брера Струмица стави крај на шпекулациите околу иднината на клубот и преку официјално соопштение потврди дека и во наредната сезона ќе продолжи да функционира со сите свои структури, вклучувајќи ги младинските категории и сениорскиот тим.

Струмичани во новата сезона ќе се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига, откако испаднаа од елитното друштво по поразот од Скопје со 0:1 во бараж натпреварот одигран во Битола. Од клубот сметаат дека настапот во второлигашката конкуренција ќе претставува нов предизвик и одлична можност за развој на младите фудбалери.

Брера зад себе има успешна сезона во младинските категории, каде ја освои двојната круна, а со тоа обезбеди и настап во Младинската Лига на шампиони на УЕФА по вторпат во својата историја. Во клубот потенцираат дека тоа е потврда за квалитетната работа, посветеноста на управата и стручниот кадар во развојот на младите таленти.

Дополнително, клубот располага со повеќе од 300 деца кои секојдневно тренираат и се натпреваруваат во неговите категории, а токму младинската школа ќе биде еден од главните приоритети во периодот што следува.

„Заради се позачестените дезинформации, невистини и манипулации кои кружат во јавноста, ФК „АП Брера Струмица“ ја известува јавноста дека и во наредната сезона ќе продолжи да се натпреварува како со младинските категории така и со сениорски состав во Втората македонска фудбалска лига која ќе биде одлично искуство и нов предизвик за нашите млади фудбалери. ФК „АП Брера Струмица“ има квалитет, има потенцијал. Доказ се нашите момци кои покажаа дека имаат карактер и победнички менталитет освојувајќи ја двојната круна во младинските натпреварувања. Со овој успех, нашите момци а со тоа и нашиот клуб по втор пат во својата историја ќе настапува во Младинската УЕФА лига на ШАМПИОНИ – што е потврда за правилната работа, посветеноста на нашата управа и стручниот тренерски кадар за развој на младите таленти во клубот. Паралелно ја информираме јавноста дека нашиот клуб брои повеќе од 300 деца кои секојдневно тренираат, се натпреваруваат и ја живеат љубовта кон фудбалот. Тие се иднината не само на нашиот клуб туку воопшто и на македонскиот фудбал. Тие се нашата дополнителна мотивација за нови долгорочни успеси. Токму затоа, овој период ќе го искористиме за реконструкција и дополнителна организација на младинската школа. Ќе работиме на создавање на уште подобри услови за развој на нашите идни фудбалери – затоа што децата го заслужуваат најдоброто. Ќе бидеме посветени на сопствениот потенцијал но и широко ги отвораме вратите за фудбалските надежи. Продолжуваме посилни, поорганизирани и со јасна визија за иднината“, велат од клубот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!