Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Велев го објави списокот на играчи за младинското Европското првенство во Братислава

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство во Дивизијата „Б“ за кошаркари до 20 години, кое ќе се одржи од 10 до 19 јули во Братислава, Словачка.

Првиот собир на селекцијата е закажан за 15 јуни (понеделник) во 12 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Собирот ќе го означи и официјалниот старт на подготовките за претстојниот шампионат.

Селекторот Никола Велев, по завршувањето на регуларниот дел од сезоната и финалниот турнир во М20 лигата, го дефинираше планот за работа и списокот од 18 кандидати кои ќе конкурираат за место во финалната дванаесетка.

Во наредниот период се планирани вкупно 23 тренинзи, преку кои стручниот штаб ќе се обиде да ја темпира формата на тимот за настапите во групата „А“, каде Македонија ќе игра против Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка.

Список на играчи за подготвителен период – Македонија У20 мажи

  1. Никола Јаничиќ – САД
  2. Даниел Бутемер – САД
  3. Даријан Димовски – САД
  4. Лука Марјановиќ – САД
  5. Давид Петрушевски – Италија
  6. Сергеј Младеновски – Вардар – Скопје
  7. Матеј Митревски – Вардар – Скопје
  8. Димитар Зетов – Кожув – Гевгелија
  9. Коста Ќириловски – Кожув Гевгелија
  10. Андреј Стојановски – Феникс 2010
  11. Амар Грбовиќ – Феникс 2010 – Скопје
  12. Атанасиј Трајанов – Водно санс
  13. Бојан Димитриев – Водно санс – Скопје
  14. Горазд Митев – Водно санс – Скопје
  15. Марко Луканоски – Маџари – Скопје
  16. Сергеј Петровиќ – Гостивар
  17. Андреј Чадамов – Тиквеш ГИ – Кавадарци
  18. Максим Трајковиќ – Работнички – Скопје

Селектор: Никола Велев

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!