Ракомет

Кристијан Костадиновски се раздели со Младост, пристигнаа понуди од Италија и БиХ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По една успешна сезона во дресот на Младост, 24-годишниот чувар на мрежата Кристијан Костадиновски и клубот од Богданци тргнуваат по различни патишта.

Костадиновски беше важна алка во тимот кој успеа да обезбеди кам-бек во ракометната елита, а со своите одбрани и сигурност меѓу стативите даде значаен придонес во остварувањето на големата цел на богданчани.

Станува збор за квалитетен голман кој во изминатиот период покажа континуитет во формата и голем напредок во својата игра. Токму затоа не изненадува фактот што за неговите услуги постои сериозен интерес од странство.

Според информациите, Костадиновски има понуди од неколку клубови од Босна и Херцеговина, како и од Италија, а неговата следна дестинација најверојатно ќе биде надвор од Македонија. Интересот од странските клубови е резултат на неговите добри настапи, квалитетот што го поседува и успесите кои ги бележи во кариерата.

Голманот, кој е висок 190 сантиметри, зад себе има богато искуство на домашната сцена. Покрај настапите за Младост, тој ги бранеше боите и на Радовиш, како и на својот матичен клуб Пелистер.

Пред Костадиновски сега следува нов предизвик и можност за интернационална кариера, а останува да се види дали неговата следна станица ќе биде Босна и Херцеговина или Италија. Ако битолчанецот се одлучи да прифати понуда од Италија или Босна и Херцеговина, тоа ќе биде негов прв интернационален трансфер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!