Турнири

ФОТО: Детонит Плачковица со второ и четврто место на меѓународниот турнир во Македонска Каменица, Илија Трајанов прогласен за најдобар голман

Сподели
Сподели

Младите фудбалери на ФК Детонит Плачковица имаа успешен настап на меѓународниот турнир во Македонска Каменица, каде што во првиот натпреварувачки ден стигнаа до второ и четврто место во своите генерации, потврдувајќи дека радовишкиот клуб располага со голем потенцијал и талентирана младинска школа.

Особено се истакна генерацијата родени 2014 година, која стигна до голем успех освојувајќи го второто место. Младите радовишани одиграа одличен турнир и на патот до финалето забележаа убедливи победи над Борец од Велес со 2:0, над Каменица Саса со 2:1 и над Сандански од Бугарија со 3:1.

Во финалниот натпревар Детонит Плачковица се соочи со екипата на Еуроспорт Куманово, а и покрај добрата игра, радовишани претрпеа минимален пораз од 1:0 и мораа да се задоволат со сребрениот медал. Од клубот посочуваат дека станува збор за несреќен пораз во финалето, но и за огромен успех на нивните млади фудбалери.

Дополнително признание за успешниот настап на генерацијата 2014 пристигна преку голманот Илија Трајанов, кој беше прогласен за најдобар голман на турнирот, потврдувајќи го својот квалитет и одличните настапи во текот на натпреварувањето.

Успешен настап имаа и најмладите фудбалери на Детонит Плачковица, родени 2017 и 2018 година. Во серија изедначени и квалитетни натпревари тие успеаја да стигнат до четвртото место, а во дуелот за третата позиција беа поразени со 2:1 од Фудбалска академија Христов.

Меѓународниот турнир во Македонска Каменица продолжува и во наредниот ден, кога боите на Детонит Плачковица ќе ги бранат генерациите родени 2015/2016 и 2019 година, со надеж за нови успеси и одлични резултати за радовишкиот клуб.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбалЧетврта лига

Мартин Шутевски второ летно засилување за Огражден од Ново Село

Екипата на Огражден од Ново Село продолжува со екипирањето за новата сезона, откако тимот го претстави своето второ летно засилување – се работи...

Ракомет

Кристијан Костадиновски се раздели со Младост, пристигнаа понуди од Италија и БиХ

По една успешна сезона во дресот на Младост, 24-годишниот чувар на мрежата Кристијан Костадиновски и клубот од Богданци тргнуваат по различни патишта. Костадиновски...

Поврзани написи
Турнири

Утре стартува „гладијаторскиот“ турнир во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“

Утре започнува овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп“ кој...

Турнири

ФОТО: Студио 13 со „лото“ триумф, сигурни победи а Аце Најдески и Солар Буилд на „Ресен 2026“

Вечерва беа одиграни три натпревари од втората натпреварувачка вечер на Меѓуопштинскиот турнир...

Турнири

Инекс Олгица и Пекара Александар со убедлив резултат го отворија „Ресен 2026“

Вечерва со првите натпревари беше отворено овогодинешното издание на Меѓуопштинскиот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!