Останато

Македонскиот репрезентативец Ѓорѓи Ѓоргиев потпиша за Црвена Звезда

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Организаторот на играта на македонската одбојкарска репрезентација, Ѓорѓи Ѓоргиев, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Црвена Звезда.

Српскиот шампион официјално го потврди ангажманот на искусниот македонски репрезентативец, кој ќе биде едно од засилувањата на тимот за претстојната сезона.

За Ѓоргиев ова ќе биде прво искуство во српскиот шампионат. Во текот на својата интернационална кариера настапуваше во Бугарија, Турција, Полска и Франција, а во изминатата сезона беше дел од францускиот состав Алтерна.

По комплетирањето на трансферот, македонскиот техничар целосно ќе се насочи кон репрезентативните обврски. Македонија викендов ќе настапи на вториот турнир од Европската лига 2026, додека во септември националниот тим го очекува учество на Европското првенство во Софија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Поврзани написи
Останато

СРЕБРО ЗА ДУШИЦА БРЕСАЛИЕВА НА MULTI EUROPEAN GAMES G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!