Турнири

Нови правила за поголем фер-плеј на турнирот „Петровден 2026“ во Мешеишта

Сподели
Сподели

Организаторите на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, кој оваа година ќе се одржи по 51. пат, најавија неколку значајни измени во правилникот со цел да се зголеми квалитетот на натпреварите, да се подобри фер-плејот и да се создаде уште подобра спортска атмосфера.

По одржаниот состанок на организациониот одбор и детална анализа на досегашните искуства, донесени се нови правила кои ќе важат од ова издание на турнирот.

Воедно, спортскиот портал Спортска Мрежа и оваа година ќе биде медиумски покровител на еден од најстарите и најпознати турнири во мал фудбал во Македонија.

„Известување, по одржаниот состанок на организациониот одбор и темелна анализа на досегашните искуства, донесени се неколку важни одлуки и промени во правилникот на Турнирот во мал фудбал „Петровден“ Мешеишта кои ќе стапат на сила од оваа година. Со цел да обезбедиме уште поголем квалитет на натпреварите, фер-плеј и вистинска спортска атмосфера, воведени се следните правила:

🛑 Акумулирани прекршоци (Фаули)

Во секое полувреме се дозволени максимум 5 фаули по екипа.

Секој нареден фаул (6-ти, 7-ми итн.) строго се казнува со пенал од 10 метри.

По завршувањето на првото полувреме, бројот на фаули се ресетира (брише).

Напомена: За фаул се смета исклучиво сè она што е досудено од страна на судијата.

🥅 Нерешен резултат во групна фаза

Доколку натпреварот во групната фаза заврши без победник, веднаш се пристапува кон изведување пенали.

Се изведуваат по 3 пенали од секоја екипа. Пред почетокот на серијата се пријавуваат тројца играчи-изведувачи. Доколку и по првата серија резултатот остане нерешен, продолжуваат истите тројца играчи по истиот редослед сè додека не се добие победник.

Победникот од пеналите има предност при ист број на бодови со противничката екипа, доколку одлучува меѓусебниот дуел за пласман понатаму или за прво место во групата.

🟥 Црвен картон

Се воведува директен црвен картон.

Добиен црвен картон значи исклучување на играчот и казна од 2 минути за неговата екипа (екипата игра со играч помалку).

По истекот на тие 2 минути, на теренот има право да влезе друг играч (исклучениот играч нема право да се врати во игра).

⚖️ Суспензии и неспортско однесување

Се воведува можност за суспензија на поединци, но и на цели екипи поради неспортско однесување!

Одлуката за суспензија ја носи исклучиво организаторот, во зависност од тежината на инцидентот.

Казната може да варира од суспензија на еден натпревар, па сè до целосно исклучување од турнирот.

📄 Целосниот правилник секоја екипа го добива пред одигрувањето на првиот натпревар“, велат организаторите на турнирот.

Со новите правила организаторите очекуваат уште поквалитетни натпревари и поголема дисциплина на теренот, а љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да уживаат во возбудувањата на турнирот „Петровден“, кој повеќе од пет децении претставува спортски симбол на Мешеишта и поширокиот регион.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Велев го објави списокот на играчи за младинското Европското првенство во Братислава

Македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство во Дивизијата „Б“ за кошаркари до 20 години, кое ќе...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал го објави поширокиот список на играчи за дуелите со Ирска и Луксембург

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација во понеделник (15 јуни) ќе ги започне подготовките за претстојните натпревари од претквалификациите за пласман во квалификациите за...

Поврзани написи
Турнири

Утре стартува „гладијаторскиот“ турнир во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“

Утре започнува овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп“ кој...

Турнири

ФОТО: Студио 13 со „лото“ триумф, сигурни победи а Аце Најдески и Солар Буилд на „Ресен 2026“

Вечерва беа одиграни три натпревари од втората натпреварувачка вечер на Меѓуопштинскиот турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!