Втора лигаФудбал

Данчо Целески ја активира оставката од позицијата претседател на ГФК Охрид

Сподели
Сподели

Откако вчера заврши есенската полусезона во Втората лига, а Охрид со убедлива победа од 4:1 го декласираше Борец, претседателот Данчо Целески ја активира оставката, која претходно беше најавена.

„После денешниот натпревар претседателот Данчо Целески ја активира оставката која што ја најави лично до градоначникот на Охрид во текот на репрезентативните паузи во септември, а и уште еднаш во октомври. Истата треба да се потврди од управниот одбор и од градоначалникот на Охрид. Детални информации ќе бидат објавени во наредните денови“, се вели во соопштението од страна на охридскиот второлигаш.

Охрид есенската полусезона ја заврши на седмото место со 24 бодови на своето конто, а пролетниот дел ќе го отвори на домашен терен против есенскиот шампион Македонија ЃП.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!