Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше одличен старт на Азиското клупско првенство во дресот на Ал Кувајт, откако неговиот тим во првото коло го совлада катарскиот Ал Араби со 27:22.
Ал Кувајт уште во првото полувреме ја наметна својата игра и на паузата замина со убедлива предност од 16:8, а до крајот сигурно ја задржа контролата над натпреварот.
Кузмановски беше меѓу најзаслужните за триумфот. Македонскиот бек постигна пет гола и беше најефикасен во својот тим заедно со Владан Липовина, кој исто така пет пати ја затресе мрежата. Кај поразениот Ал Араби најрасположен беше Амир Денгур со шест погодоци.
Признанието за играч на натпреварот му припадна на голманот на Ал Кувајт, Хасан Сафар, кој имаше значаен придонес во одбраната на домашниот состав.