Еден од најголемите и најатрактивни турнири во мал фудбал во Македонија, „Црнилиште Куп 2026“, повторно ги отвори пријавите за новото издание, а интересот уште на самиот старт е огромен. За само еден ден од отворањето на пријавувањето, своето учество веќе го потврдиле повеќе од десет екипи, што е најава дека и годинава не очекува исклучително силен и квалитетен турнир.
Турнирот ќе започне на 15 јуни 2026 година во селото Црнилиште, а организаторите најавуваат уште едно врвно издание со силна конкуренција, одлична организација и богати парични награди.
За најуспешните екипи е предвиден награден фонд од дури 360.000 денари. Победникот ќе инкасира 180.000 денари, второпласираната екипа ќе добие 120.000 денари, додека третото место носи награда од 60.000 денари.
Пријавувањето е во тек, а котизацијата за учество изнесува 7.000 денари по екипа. Рокот за пријавување е до 12 јуни 2026 година до 19:00 часот, додека извлекувањето на групите ќе се одржи на 13 јуни во 21:00 часот.

Турнирот ќе се игра по популарниот систем „Гладијатор“, кој предвидува групна фаза со бодовен систем и елиминациски натпревари. Ќе настапат најмногу 24 екипи, распределени во осум групи со по три тима, што дополнително ја зголемува неизвесноста и атрактивноста на натпреварите. За регуларноста ќе се грижат професионални судии.

„Црнилиште Куп“ со години важи за еден од најсилните турнири во мал фудбал во Македонија, собирајќи екипи од сите краеви на државата, бројна публика и вистинска спортска атмосфера. Богатиот награден фонд, одличната организација и квалитетните натпревари се причините поради кои интересот од година во година е сè поголем.
Спортска Мрежа и оваа година ќе биде медиумски покровител на турнирот, продолжувајќи ја успешната соработка која трае веќе пет години. Како и досега, нашите читатели ќе можат да следат извештаи, фотографии, видеа и најинтересните моменти од овој голем спортски настан.

За пријавување и дополнителни информации, заинтересираните екипи можат да се обратат кај Ибрахим Рушани – Буши на телефонскиот број 070-857-046.
Местата се ограничени, а интересот е огромен – кој ќе биде новиот „Гладијатор“ на Црнилиште?