РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 19 години на тренинг камп во Кичево

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 19 години  во периодот од 2 до 9 септември ќе одржи тренинг камп во Кичево на кој ќе се темпира формата за претстојните квалификации што ја очекуваат нашата селекција во октомври.

Во склоп на самите подготовки во Кичево, нашите  фудбалери ќе одиграат два контролни натпревари против младиот тим до 19 години на Струга Трим Љум.

Двата меча ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Струга, на 5 и 8 септември, со почеток во 16. часот.

Селекторот Вујадин Станојковиќ, за овој тренинг камп се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: 

Славе Вргов   А.П. Брера

Амар Хаџибулиќ   Работнички

Спаско Ахтаров   Беласица

ОДБРАНА:

Нуман Ајетовиќ   Новаци

Габриел Крстевски   Пелистер

Наим Синанов   Варнамо, Шведска

Андреј Велков   А.П. Брера

Бојан Ивчески   Победа

Андреј Љубевски   Работнички

Адриан Незир   Арминија Билефелд, Германија

СРЕДЕН РЕД:

Никола Манојлов   Работнички

Матеј Гаштаров   Црвена Звезда, Србија

Давид Ристовски   А.П. Брера

Милот Синани   Арау, Швајцарија

Урон Алили   Елбасани, Албанија

Дарко Сековски   Вардар

Аљмир Подграѓа   Работнички

НАПАД:

Димитар Данев   Работнички

Адмир Љатифи   Беса

Стефан Младеновски   Црвена Звезда, Србија

Андреј Силјаноски   Пелистер

Веби Ислами   Шкендија

Чагри Федаи   Генчлербирлиги, Турција;

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ѓорѓиевски: Верувам дека Македонија може до позитивен резултат

А репрезентацијата на Македонија продолжува со подготовките за последните два натпревари од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска

Во првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, репрезентацијата на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!