Турнири

АСП Пак е победник на „Враништа 2026“, пеналите кобни за Кафе Бар 9, Инекс Олгица подобра од Чардак Велгошти за трето место

Сподели
Сподели



Екипа на АСП Пак е победник на овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ откако во големото финале славеше над Кафе Бар 9 во пенал серијата.

Во регуларниот дел немаше погодоци, мрежите мируваа на двете страница (0:0), по што големото финале се решаваше во пенал серијата, која се покажа кобна на за Кафе Бар 9 откако АСП Пак беше подобар со 3:2.

Претходно се одигра натпреварот за трето место меѓу екипите на Инекс Олгица и Чардак Велгошти, кој заврши со резултат од 4:2 со што тимот на Инекс Олгица го освои третото место, а пак екипата на Чардак Велгошти заврши на четвртото место.

Спортска Мрежа и годинава беше медиумски покровител на овој спортски настан, кој и годинава помина со одлична организација, многу публика во секоја натпреварувачка вечер, многу забава, погодоци, атракции, шанси и моменти кои ќе се паметат од „Враништа 2026“.

До следното издание на турнирот во мал фудбал Враништа 2027 спортски поздрав.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Младост се врати таму каде што припаѓа: Богданци повторно ќе гледа суперлигашки ракомет, Струга испадна во Прва лига!

Ракометниот клуб Младост од Богданци ја оствари големата цел и обезбеди враќање во македонската Супер лига, откако во бараж натпреварот во Бутел славеше...

Прва лига

Младите „лавици“ изборија елита: Ѓорче Петров 2 преку Пелистер до Супер лигата

Екипата на Ѓорче Петров 2 од следната сезона повторно ќе биде дел од женската Супер лига, откако во бараж натпреварот одигран во Радовиш...

Поврзани написи
Турнири

Последни денови за пријавување на „Охрид Куп 2026“ – обезбедете го вашето место навреме!

Пријавувањето за младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“ влегува во својата завршна...

Турнири

Ултрас Кидс го потврди учеството на Охрид Куп

Фудбалскиот клуб Ултрас Кидс од Струга го потврди учеството на првото издание...

Турнири

Кораби од Дебар го потврди учеството на Охрид Куп

Организаторите на Охрид Куп претставија уште една екипа која го потврдува своето...

Турнири

Пријавувањата за ноќниот турнир „Свети Николе 2026“ се отворени – 160.000 денари за прво место

Отворени се пријавувањата за ноќниот турнир во мал фудбал „Свети Николе 2026“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!