Турнири

Ултрас Кидс го потврди учеството на Охрид Куп

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Ултрас Кидс од Струга го потврди учеството на првото издание на Охрид Куп.

Се работи за фудбалски клуб кој иако е основан во 2022 година зад себе има големи резултат, а секој успех не доаѓа случајно, туку со многу работа и посветеност на тренерите кон децата.

Ултрас Кидс постојано е на врвот на секој спортски настан – на секој домашен и меѓународен турнир.

„Со доаѓањето на Ултрас Кидс на Охрид Куп добиваме тим кој носи силна конкуренција и борба за првата позиција. Дечки ве чекаме на 18 јуни на СРЦ „Билјанини Извори“, велат организаторите на турнирот.

Инаку, на Охрид Куп може да учествуваат екипи од генерации 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019. Пријавувањето е отворено уште неколку денови.

Секое дете добива медал и маичка, а секој тренер добива тренерки. Секоја екипа добива целосно бесплатна медиумска поддршка за 2026 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!