Кошарка

Спорт тим против Вардар за кадетската титула

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Во вториот полуфинален натпревар од „Фајнал фор“ турнирот во М16 лигата-жени, домаќинот беше подобар од екипата на Петровски (47:37).

Екипата на Спорт тим која е во улоига на организатор е вториот финалист на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција.

Екипата од Неготино излезе како победник во дуелот со тимот на Петровски од Битола. Вечерва од 18.часот, ќе се бори за победничкиот трофеј во меч каде за противник ја има екипата на Вардар, која нешто порано беше подобра од екипата на Пробаскет од Кавадарци.

Домашните кошаркарки доминираа во првото полувреме од вториот полуфинален меч на турнирот кој се игра во салата „Младост“ во Неготино.

Во првиот период поведоа со )13:8), но не зе задоволија со тоа, напротив. Притиснаа уште повеќе, и веќе на полувремето нивната позитива прерасна во двоцифрена.



Спорт тим водеше со (29:15) по 20.минути од играта.

Во третиот период, подобра игра на гостинките од Битола, кој анулираа добар дел од негативата која ја маа на плувремето. И последната четвртина младите битолчанки ја дочекаа со минус од седум поени, (28:35).

Но тоа беше практично се од екипата на Петровски во овој полуфинален натпревар.

Во последниот период. Екипата на Спорт тим не само што ја задржа таа предност, туку и ја зголеми, и заслужено се промовираше во втор финалист на турнирот.

Димова се истакна во фазата на нападот, реализираше 18.поени (имаше и седум скока). Митановска заврши со 8.поени и дури 19.скока во домашната екипа.



Во онаа од Битола, А. Момоковска и Димитровски реализираа по девет поени, Наумовска имаше шест.

  • ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Пробаскет – Вардар 46.66

Спорт тим – Петровски 47:37

  • 31.МАЈ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

15.00: Пробаскет – Петровски

ФИНАЛЕ

18.00: Вардар – Спорт тим

  • Натпреварите се играат во салата „Младост“ во Неготино



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!