Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Дамите на Медитерански игри против Косово, Алжир, Грција и Турција

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

По завршувањето на учеството во Европската лига 2026 втора акција за женската сениорска репрезентација на Македонија летово ќе биде настапот на 20. Медитерански игри, кои ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, Италија.

Веќе е одржана официјалната ждрепка за тимските спортови, а на женскиот одбојкарски турнир ќе настапат десет репрезентации. Македонија е дел од групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во групата А ќе се натпреваруваат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

Натпреварите од групната фаза се играат од 23 до 29 август, додека елиминациите и финалето се во периодот од 30 август до 1 септември. Деталниот распоред организаторот дополнително ќе го објави.

За женската репрезентација на Македонија ова ќе биде втор настап во низа на Медитеранските игри откако претходно настапија на Игрите во Оран, Алжир во 2022 година.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Полска, следуваат уште два натпревари на Европското првенство

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четворица Македонци на Европското првенство У18 во тенис

Македонскиот тениски тим ќе има четворица претставници на Европското првенство до 18...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втор пораз за младите фудбалерки на Македонија до 15години

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!