ИнтернационалциФудбал

Тренчовски пред нов предизвик? Македонскиот стратег во комбинација за клупата на Олимпија Љубљана

Сподели
ФОТО: NK Radomlje
Сподели



Македонскиот фудбалски стратег Југослав Тренчовски ја заврши својата етапа во Радомље по сезоната која беше оценета како една од најуспешните во историјата на словенечкиот клуб.

Иако двете страни официјално ставија крај на соработката, добрите резултати што Тренчовски ги оствари во словенечката Прва лига не останаа незабележани. Според информациите од словенечките медиуми, македонскиот тренер се наоѓа меѓу главните кандидати за преземање на кормилото на Олимпија Љубљана, еден од најтрофејните клубови во земјата.

Олимпија е во потрага по нов шеф на стручниот штаб по разочарувачката сезона во која клубот не ги исполни поставените цели и остана без место во европските натпреварувања. Иако засега нема официјални разговори меѓу двете страни, името на Тренчовски се споменува високо на листата на потенцијални решенија.

Сепак, во клубот постојат различни ставови околу изборот на нов тренер. Дел од раководните структури преферираат стратег кој досега не работел во словенечкиот шампионат, што би можело да биде еден од факторите во конечната одлука.

Тренчовски зад себе има богата тренерска кариера. Во Македонија работеше во повеќе клубови, меѓу кои Хоризонт Турново, Кожуф, Беласица и Академија Пандев, клуб чиј беше еден од основачите. Воедно беше и селектор на младата репрезентација на Македонија до 19 години.

Во последните години успешно ја гради својата кариера надвор од земјата, работејќи во клубови од Кувајт, Саудиска Арабија, Бангладеш и Мароко, пред да пристигне во Словенија. Токму настапите со Радомље дополнително ја зголемија неговата репутација, па не е исклучено наскоро да го видиме на клупата на еден од најголемите словенечки клубови.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!