Втора лигаТрета лигаФудбал

Голгетерот Орхан Мифтар со скинат лигамент го реши баражот и го однесе Еуромилк ГЛ во Втора лига

Сподели
Сподели



Шампионот на Трета лига – Север, Еуромилк ГЛ, успеа да се врати во Втората македонска фудбалска лига, откако во бараж-натпреварот во Кратово славеше со 2:1 против второлигашот Каменица Саса.

Популарните „лисици“ од Горно Лисиче, кои во минатото настапуваа и во Првата македонска фудбалска лига, од следната сезона повторно ќе бидат дел од второлигашката конкуренција.

Еден од хероите на големиот успех е искусниот голгетер Орхан Мифтар, кој во 89. минута го постигна победничкиот погодок и практично го реши натпреварот во регуларниот дел, носејќи огромна радост кај фудбалерите, стручниот штаб и навивачите на Еуромилк ГЛ.

Во изјава за Спортска Мрежа, Мифтар откри дека уште од самиот почеток на сезоната целта била јасна – враќање на клубот во Втората лига. Тој истакна и дека во финишот од сезоната настапувал со сериозна повреда, но желбата за успех била посилна од сите проблеми.

„Уште од самиот почеток на сезоната нашата цел беше да обезбедиме влез во Втора лига со Еуромилк. Имавме тешка сезона, иако на крај бодовната разлика е голема, сепак имаше тешки натпревари, но и натпревари кои лесно ги добивавме. Првата цел да бидеме шампион во Трета лига – Север ја обезбедивме, но јас на три кола пред крајот скинав лигамент на долниот зглоб, иако требаше да паузирам три месеци, сепак по три недела се вратив на терените за да го дадам мојот максимум и да помогнам екипата да ја оствари целта. Во денешниот бараж натпревар оставив срце на терен, успеав да постигнам и гол и заедно како целина да ја оствариме целта – Еуромилк влезе во Втора лига. Овој успех е заеднички на сите фудбалери, стручниот штаб и управата на клубот“, изјави Орхан Мифтар за Спортска Мрежа.

Со овој успех, Еуромилк ГЛ го комплетираше враќањето меѓу второлигашите, додека Каменица Саса по поразот во баражот се сели во Трета лига – Исток за следната сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир за...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во Првата фудбалска лига. Тимот од Кавадарци имаше многу шанси, но Кристијан...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!