Втора лигаТрета лигаФудбал

Синани: Се подготвувавме секој ден за баражот и заслужено влеговме во Втората лига!

Сподели
Сподели



Камјани е нов второлигаш откако во бараж-натпреварот на Градскиот стадион во Штип славеше со 2:0 против Победа Валандово и обезбеди пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Шампионот на Трета лига – Запад со овој триумф ја круниса успешната сезона со промоција во второлигашкото друштво, додека шампионот на Трета лига – Исток, Победа Валандово, и следната сезона ќе настапува во третолигашка конкуренција.

Еден од заслужните за големиот успех на Камјани, младиот фудбалер Рефет Синани, во изјава за Спортска Мрежа истакна дека патот до Втората лига бил исполнет со многу работа, дисциплина и напорни подготовки.

„Добар натпревар, но сепак имаше и предизвик бидејќи се работи за еден меч, каде нема што да се загуби и мора да се игра внимателно. Имавме генерално тешка сезона за да стигнеме најпрво до шампиони во Трета лига – Запад, но трениравме и од натпревар во натпревар бевме се подобри и подобри. На секој меч ние одевме само на победа и нормално за тоа што игравме добро станавме шампиони. За овој бараж натпревар се спремавме и трениравме секој ден за да можеме да бидеме максимално подготвени и ја остваривме нашата цел да влеземе во Втората лига. Иако постигнавме два брза гола, можеби изгледаше дека лесно го решивме натпреварот, сепак се работи за тежок натпревар, но ние сите сме среќни што истиот го добивме и заслужено сме во Втора лига“, изјави Синани за Спортска Мрежа.

Дваесетгодишниот Синани е еден од перспективните фудбалери на Камјани. Покрај дресот на новиот второлигаш, во својата кариера настапувал и за Ренова, Вардар Брвеница, Дрита и ЕС.

Со победата во Штип, Камјани го комплетираше успешниот сезонски пат – од шампион на Трета лига – Запад до нов член на Втората македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!