Прва лигаФудбал

Бесагиќ пресуди во Гостивар: Арсими со победа ја затвори успешната прволигашка сезона

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели



Арсими со триумф стави печат на својата успешна сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако во последното коло на домашен терен славеше минимално против Струга Трим Лум со 1:0.

Натпреварот во Гостивар започна претпазливо од двете страни, без премногу ризик во играта. Домашниот состав беше поактивен во воведните минути, а преку Башким Велија се обидуваше да создаде опасност пред голот на гостите. Од друга страна, Струга постепено воспостави контрола врз поседот, но не успеа посериозно да го загрози противничкиот гол.

Во првиот дел шанси имаа Меметриза Хамза и Адријан Зенделовски кај гостите, додека најдобрата можност за Арсими ја пропушти Сикиру Олатунбосун, кој од добра позиција шутираше непрецизно.

Клучниот момент се случи веднаш по паузата. Во 47. минута домаќините организираа брза и добро изработена акција, а Армин Бесагиќ најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава го совлада Ангелети за водство од 1:0.



По примениот погодок, стружани се обидуваа да стигнат до израмнување, но Арсими одигра дисциплинирано во дефанзива и не дозволи поголеми опасности пред својот гол.

Средбата донесе и емоции, откако искусниот Вулнет Ислами го одигра својот последен натпревар во кариерата и беше поздравен од присутните на стадионот.

Со овој триумф Арсими ја завршува сезоната со 46 освоени бодови и успешно обезбеден прволигашки статус, додека Струга Трим Лум остана на третата позиција на табелата, но без место во европските натпреварувања за следната сезона.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот од Јосифиво, како второ засилување за новата сезона. 25-годишниот Неделков доаѓа...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч од првата фаза на Купот на Македонија односно 1/16 финалето меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!