Прва лигаФудбал

Малиќ Белули стави крај на кариерата: Фудбалот не беше само игра за мене, тоа беше мојот живот

Сподели
Сподели



Прволигашот Арсими останува без еден од своите искусни фудбалери, откако Малиќ Белули официјално објави крај на својата професионална фудбалска кариера.

31-годишниот фудбалер во редовите на Арсими пристигна во февруари 2025 година од Беса Добри Дол, а во текот на својата кариера настапуваше и за Гостивар, каде ги направи првите фудбалски чекори, потоа за Генч Калемлер, Влазерими, Скопје, како и за косовскиот Феризај, каде градеше и интернационална кариера.

Белули преку емотивна порака се прости од фудбалот, истакнувајќи дека спортот за него бил многу повеќе од игра.

„Денес е еден од најтешките денови во мојот живот, бидејќи денес не ја завршувам само мојата кариера, туку денес се збогувам со сонот што го живеев секој ден, бидејќи како дете кога ја држев топката во рацете и сонував на улиците и малите терени, никогаш не замислував дека ова патување ќе ми даде толку многу емоции и толку многу спомени што ќе ме придружуваат до крајот на мојот живот. Фудбалот не беше само игра за мене, тоа беше мојот живот, тоа беше мојата радост во добрите денови и мојата сила во тешките денови. Плачев од радост, но и од болка, победував, губев, но никогаш не се откажував, бидејќи секој пат кога ќе влезев на теренот, ја давав својата душа. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство кое се жртвуваше со мене на секој чекор од патот. Без вас, денес немаше да бидам тука. Благодарам на тренерите кои веруваа во мене, кои ме кренаа кога паднав и кои во мене видоа повеќе од само играч. Им благодарам на моите соиграчи, не бевте само тим, вие бевте мои браќа во секоја битка. А навивачите, вие бевте гласот што ме туркаше напред кога немав повеќе сила, вие бевте причината зошто никогаш не се откажав. Денес го напуштам теренот, но дел од мене секогаш ќе остане таму – во секој чекор, во секој гол, во секоја емоција. Не е лесно да се каже „готово е“. Не бев совршен, но едно е сигурно затоа што дадов сè од себе и за тоа сум многу горд. Му благодарам на фудбал за сè што ми дадовте, ви благодарам што сте дел од мојата историја…“, вели Малиќ Белули.

Со својата борбеност, искуство и посветеност, Белули остави белег во клубовите за кои настапуваше, а неговото име ќе остане запаметено кај навивачите и соиграчите со кои ги делеше фудбалските моменти низ годините.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Среќни сме со бодот и одиме понатаму“ – Кузмановски по драматичното дерби во Охрид!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа вистинско дерби пред полните трибини во СЦ „Билјанини Извори“, а по 60 минути голема борба резултатот беше 28-28....

Ракомет

„Се боревме до крај!“ – Мате горд на Охрид по лудото дерби!

Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа возбудливо дерби на стартот од новата сезона, кое пред полните трибини во „Билјанини Извори“ заврши без победник, 28-28....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

Прва лигаФудбал

Брегалница се раздели со стручниот штаб, без објаснување за причините

Фудбалскиот клуб Брегалница донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на стручниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!