Прва лигаФудбал

ФОТО: Вардар со шампионски печат ја затвори сезоната: Шкендија падна на арената, „црвено-црните“ го кренаа трофејот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Вардар на убедлив начин ја заокружи шампионската сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако во големото дерби на арената „Тодор Проески“ славеше против Шкендија со 3:0 и потоа го подигна шампионскиот пехар.

Натпреварот немаше резултатско значење, бидејќи Вардар уште претходно ја обезбеди титулата и местото во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шкендија како вицешампион ќе настапува во квалификациите за Конференциската лига. Сепак, „црвено-црните“ покажаа зошто сезонава се најдобриот тим во македонскиот фудбал.

Тетовчани подобро го отворија мечот и први се заканија преку Атхе Мазари, но сигурен беше голманот Талески. Вардар потоа ја презеде иницијативата и во 20. минута стигна до водство по една брза контра, кога несреќно реагираше Ајетовиќ и ја испрати топката во сопствената мрежа за 1:0.

Само петнаесет минути подоцна следуваше уште една одлична акција на домашниот состав, а Горан Закариќ рутински погоди по асистенција на Стефан Цветковиќ за двојна предност на вардарци.

Во второто полувреме Шкендија се обиде да се врати резултатски, а најголемата можност ја имаше од пенал во 70. минута. Љатифи двапати шутираше од белата точка, но двата негови обиди ги одбрани расположениот Талески, кој беше еден од хероите на натпреварот.

Казната за промашените пенали пристигна во самиот финиш, кога искусниот Бобан Николов ги постави конечните 3:0 и го потврди големото славје на трибините.



По последниот судиски свиреж, капитенот Азер Омерагиќ го подигна шампионскиот трофеј, кој на вардарци им го додели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

За Вардар ова е враќање на тронот по шест години пауза и вкупно 12-та шампионска титула во независна Македонија, односно 13-та во клупската историја сметајќи ја и титулата од поранешна Југославија.

Воедно, ова беше и последен натпревар за Гоце Седлоски на клупата на Вардар, откако стратегот заминува со освоена титула и ќе се посвети на селекторската функција, додека „црвено-црните“ веќе ќе почнат со подготовките за европските предизвици што ги носи летото.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија веќе победи, притисокот е врз ривалите: реми во дербито најмногу би им одговарало на тетовци

Анализа пред денешното комплетирање на 12. коло во ПМФЛ Шкендија ја заврши својата задача во Штип, а денеска може дополнително да профитира од...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен за „плус четири“, Скопје за врвот: по киксот на Тиверија, дербито доби дополнителна тежина

Поразот на Тиверија Брера од Каменица Саса отвори можност водечките екипи дополнително да се оддалечат од струмичанки. Христина Јовановска го реши неделниот дуел...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија веќе победи, притисокот е врз ривалите: реми во дербито најмногу би им одговарало на тетовци

Анализа пред денешното комплетирање на 12. коло во ПМФЛ Шкендија ја заврши...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен за „плус четири“, Скопје за врвот: по киксот на Тиверија, дербито доби дополнителна тежина

Поразот на Тиверија Брера од Каменица Саса отвори можност водечките екипи дополнително...

Втора лигаФудбал

Осогово со четири бода во две кола, тренерот порача: „Најдоброто допрва доаѓа!“

Победа над Брера Струмица и бод на гостувањето кај Македонија ЃП —...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!