Втора лигаФудбал

Влатко Костов испиша историја: По шести пат внесе клуб во Прва лига, Брегалница повторно елитна!

Сподели
Сподели



Брегалница повторно е прволигаш! Штипските „сини“ денеска со победата над Победа официјално ја заверија шампионската титула во Втората македонска фудбалска лига и од следната сезона ќе настапуваат во елитното друштво.

По последниот судиски свиреж во Штип следуваше големо славје, а капитенот на Брегалница, Стефан Коцев го подигна шампионскиот пехар за освоеното прво место во второлигашката конкуренција.

Ова е уште еден огромен успех за искусниот стратег Влатко Костов, кој по вторпат успеа да ја внесе Брегалница од Втора во Прва лига, а вкупно по шести пат во својата тренерска кариера обезбедува прволигашка промоција.

Костов со години важи за еден од најуспешните македонски тренери кога станува збор за враќање клубови во елитата, а претходно ваков успех оствари со Хоризонт Турново, Куманово, Осогово, Пелистер и Брегалница.

Покрај бројните успеси во Втората лига, зад себе има и шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига со Ренова во сезоната 2009/2010, како и трофеј во Купот на Македонија две години подоцна.

Штип повторно ќе гледа прволигашки фудбал, а големи заслуги за тоа има токму Влатко Костов, кој уште еднаш потврди дека е специјалист за создавање шампионски тимови и враќање клубови во македонската фудбалска елита.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!