Ракомет

„Ова е финале од 120 минути“ – Реј Моралес ја најави битката за европскиот трофеј!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид во недела (24.05) ќе го започне најважниот двомеч во својата европска историја, откако во финалето на ЕХФ Европскиот Куп ќе се соочи со екипата на унгарска Татабања.

Во пресрет на првиот финален натпревар, шпанскиот дефанзивец на охриѓани- Реј Моралес, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека Охрид го очекува сериозен предизвик против најквалитетниот противник со кој се соочиле сезонава во ЕХФ Купот. Според него, клучно ќе биде македонскиот тим да оствари позитивен резултат на гостински терен, но и да остане смирен и фокусиран, бидејќи финалето се решава низ два натпревари.

„Нѐ очекува многу тежок натпревар против Татабања. Тоа е најдобриот тим против кој сме играле досега во ова европско натпреварување. Мислам дека нашите шанси за освојување на титулата зависат од тоа да оствариме добар резултат таму и да останеме смирени, имајќи предвид дека ова е финале кое трае 120 минути.“ – изјави Моралес за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Првиот финален натпревар ќе се одигра утре, од 17:00 часот во Унгарија, додека реваншот седум дена подоцна ќе се одигра во преполната сала „Билјанини извори“, каде охриѓани пред своите навивачи, ќе се обидат да испишат историја и да стигнат до европскиот трофеј.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе мора да одговорат на предизвиците на два фронта. Тимот на Борис...

Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата на шампионите, европската сезона ќе ја продолжи во ЦЕВ купот. Според...

Поврзани написи
Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!