Втора лигаФудбал

Пет екипи денес ќе се одјават од Втора лига

Сподели
Сподели

Денес се игра последното 30. коло во Втората македонска фудбалска лига, а пет екипи денес ќе го одиграат последниот натпревар како второлигаши, бидејќи од следната сезона се враќаат во третолигашкото друштво.

Три екипи експресно испаѓаат во Трета лига, а најмногу екипи испаѓаат во Јужниот регион.

Големо Коњари, Слога Виница и Преспа по само една сезона се враќаат назад во Трета лига, додека пак Вардар Неготино по три сезони во второлигашката конкуренција ќе се пресели во понизок ранг на натпреварување, а фудбалскиот бренд Победа од следната сезона ќе биде во третолигашка конкуренција.

Од овие екипи во Трета лига – Југ испаѓаат Големо Коњари, Победа и Вардар Неготино, Преспа испаѓа во Трета лига – Југозапад, а Слога Виница во Трета лига – Исток.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!