Останато

После три години застој: Продолжува изградбата на затворениот базенот во Струмица

Сподели
Сподели

Струмица конечно ќе добие современ затворен базен, откако по три години застој повторно продолжува изградбата на овој значаен спортски објект. Со инвестиција на Владата и Министерството за спорт, градежните активности повторно се во тек, а според најавите базенот треба да биде завршен до крајот на јануари 2027 година.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со Петар Јанков, извршија увид во тековните градежни работи и изразиле задоволство од динамиката со која се реализира проектот, при посетата на Ристовски во Струмица на 15 мај.

„Со гордост можеме да објавиме дека она што беше започнато во 2023 година и оставено да стои три години, сега продолжува да се гради со забрзано темпо. До крајот на јануари 2027 година базенот ќе биде целосно завршен и предаден на Општина Струмица. Ова е уште една потврда за нашата решеност да ги завршиме сите започнати и запоставени проекти од претходната власт и да создадеме подобри услови за спорт и активен живот на младите. Инвестициите во спортската инфраструктура остануваат еден од нашите главни приоритети, затоа што спортот заслужува современи услови, а граѓаните – објекти што ќе бидат ставени во нивна функција. Продолжуваме да ги завршуваме проектите што предолго чекале да бидат вистински реализирани“, вели министерот Ристовски.

Изградбата на базенот во Струмица претставува еден од најзначајните спортски инфраструктурни проекти во регионот, а неговото завршување ќе овозможи подобри услови за тренинг, натпревари и развој на пливањето и спортот воопшто во југоисточниот дел од Македонија.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД директно во главната рунда, на 9 декември ја пречекува Пјаченца

Македонскиот шампион Штип УГД, по завршувањето на своето премиерно учество во Лигата...

Останато

Младост го сопре Работнички, Наковски без загубен сет: Два тајбрека го одбележаа третото коло

Младост УГД ја забележа најтесната домашна победа во третото коло од женската...

Останато

Ристовски му честиташе на Христијан Бузалковски за европската вицешампионска титула

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со македонскиот мотоциклист Христијан...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!