Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски: Црна Гора треба да ни покаже колку имаме прогрес во нашата форма

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Откако на средината на оваа седмица машката сениорска репрезентација на Македонија се комплетираше со доаѓањето на интернационалците Александар Љафтов и Филип Савовски, подготовките влегуваат во завршната фаза. Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб започнуваат и со поставување на тактичките варијанти во пресрет на учеството во Европската лига 2026.

Како загревање за првиот турнир на кој Македонија е домаќин од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица, репрезентацијата ќе одигра пријателски двомеч со Црна Гора во Подгорица на 29 и 30 мај. Преку овие два натпревари треба да се добие попрецизна слика за нивото на екипата и за деталите на кои ќе треба да се поработи во пресрет на официјалните натпревари.

„Подготовките засега течат во најдобар ред. Двомечот со Црна Гора ќе ни помогне да направиме проверка на подготвеноста и на тоа колку имаме прогрес во нашата форма. Сите екипи периодов се во една таква фаза, ќе одиграат по два-три контролни натпревари и започнуваат турнирите од Европската лига. Оваа година Европската лига е од посериозен карактер затоа што се тоа квалификации за следното Европско првенство и тежината на таа лига нема да биде како во минатите години. Сите репрезентации ќе играат во своите најдобри состави, а пласманот на Европско првенство е голема работа за сите, така е и за нас. Мораме да бидеме многу посериозни и со едни сериозни подготовки да постигнеме резултати со кои ќе обезбедиме пласман на уште едно Европско првенство, кое е било петти пат по ред за нас“ – истакнува селекторот на Македонија, Јошко Миленкоски.

Репрезентацијата со тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје продолжува до 27 мај, а потоа патува за Подгорица.

На првиот турнир во Европската лига 2026 (5-7 јуни) Македонија ќе ги пречека Холандија и Луксембург. Според распоредот со Холандија играме на 5 јуни од 19 часот, ден подоцна сме слободни, додека на 7 јуни, исто така од 19 часот, ќе се соочиме со Луксембург.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на новиот тренер Марјан Србиновски, со што официјално ги започна подготовките за...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките до 20 години со пораз од Романија ги отворија БВА квалификациите

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години со пораз ги започна...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Успешно ЕП до 16 години, Македонија доби високи оценки од FIBA Europe!

Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!