Втора лигаФудбал

Димитар Левески ќе им суди на Новаци и Осогово, Дарко Стојанов главен во Ресен, Тодоровски на центарот во Штип

Сподели
Сподели



Делегирани судиите за утрешните осум натпревари од последното 30. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Средбата во Тетово меѓу Тетекс и Големо Коњари ќе ја суди Дарко Стојчевски, а ќе му помагаат Виктор Здравев и Бесар Абдули, а пак Нинослав Нанков ќе биде четврт судија.

Делегат на овој меч ќе биде Тони Ефтимов, а контролор Сашко Ангелов.

Мечот во Автокоманда меѓу Скопје и Детонит Плачковица ќе го суди Пларент Салихи, а негови помошници ќе бидат Хабиљ Љиворека и Цветанка Савеска, додека пак Дејан Младеновски ќе биде четврт судија.

Гоце Шопоски ќе биде делегат на средбата, а пак Горан Спиркоски ќе биде контролор.

Во Ресен ќе се игра мечот меѓу Преспа и Беласица, а Дарко Стојанов ќе биде главен арбитар, негови асистенти ќе бидат Николче Николовски и Дарко Василевски, а пак Здравко Костовски ќе биде четврт судија.

Дејан Боневски ќе биде делегат, додека пак контролор на овој натпревар ќе биде Марјан Петров.



Во Македонска Каменица ќе се игра средбата меѓу Каменица Саса и Шкендија Арачиново, Димитар Пилешков ќе дели правда, а ќе му помагаат Ристо Ѓорѓиев и Александар Гигов, додека пак Спире Арсов ќе биде четврт судија.

Делегат е Цветко Костовски, а контролор Џенан Хајдари, додека пак Атанас Ризов ќе биде комесар за безбедност на ФФМ.



Во Штип се игра мечот меѓу Брегалница и Победа, каде по завршување на средбата „сините“ ќе го добијат шампионскиот пехар и ќе го прослават влезот во Прва лига.

Ненад Тодоровски ќе дели правда, а ќе му асистираат Стефан Стојановски и Иван Ивановиќ, а пак Борче Павловиќ ќе биде четврт судија.

Трајче Шопов е делегат, а контролор на средбата е Драган Ристовски.

Димитар Левески ќе им суди на Новаци и Осогово, а ќе му помагаат Марио Мојсоски и Јован Анѓелкоски, а пак Дарко Котевски ќе биде четврт судија.

Горан Михајловски ќе биде делегат, а контролор е Винко Смокварски.

Сите средби стартуваат во 16:30 часот.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!