Ракомет

Јапонски репрезентативец кој настапуваше во Лигата на шампионите пристигна во Охрид!

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на тимот за новата сезона, откако клубот го претстави Шуичи Јошида како шесто официјално засилување за сезоната 2026/2027.

Станува збор за 25-годишниот јапонски репрезентативен пивот, висок 193 сантиметри, кој во Охрид доаѓа со богато интернационално искуство и ќе го носи дресот со број 5. Договорот е потпишан на една сезона со можност за продолжување и за сезоната 2027/2028.

Јошида во редовите на охридскиот суперлигаш пристигнува од францускиот гигант Нант, каде настапуваше две сезони и играше важна улога и во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Пред ангажманот во Нант, јапонскиот интернационалец настапуваше и за Данкерк во Франција, како и за Азоти Тарнов во Полска.

Покрај клупските успеси, Јошида е стандарден член и прв пивот на репрезентацијата на Јапонија, а во 2024 година беше прогласен и за најдобар пивот на Азиското првенство.

„Здраво Охрид! Здраво Рибари! Јас сум Шуичи Јошида, јапонски репрезентативен пивот. Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и да ги запознам нашите навивачи! Се гледаме наскоро Охриде!“, изјави Шуичи Јошида.

Со ангажманот на Јошида, ГРК Охрид јасно покажува дека има високи амбиции за следната сезона и дека сака уште поконкурентен тим на домашната и европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!