РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Се подготвуваме за новиот циклус, од фудбалерите зависи дали ќе бидат со нас

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, на прес-конференција зборуваше за објавениот список за пријателските натпревари со Босна и Херцеговина и Турција, кои ќе се одиграат во овој прозорец.

Седлоски истакна дека ни претстојат натпревари со две силни селекции, има објективни проблеми поради откажувања поради повреди на крајот на сезоната. Затоа, се повикани и фудалери од македонското првенство, со цел да се потврди потенцијалот и квалитетот на новите имиња пред предизвиците во Лигата на нациите.

„Од секој фудбалер зависи дали ќе биде со нас тука. На сите им посакувам здравје, да играат стандардно и да го заслужат повикот да бидат репрезентативци на Македонија“, изјави Седлоски.

Тој нагласи дека сите повикани играчи ќе добијат шанса, а особено се осврна на дебитантите:

„На нив е да се докажат. Новите играчи играат стандардно во клубовите. Од нив зависи како ќе се вклопат во нашиот систем со фудбалерите кои подолг период се во репрезентацијата“, дополни селекторот“.

„Сите играчи кои се повикани тука ќе добијат шанса, на нив е да се докажат. Со селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез се договоривме да направиме повеќе замени, да можеме да направиме и 11 измени во второто полувреме“.

Македонските репрезентативци на 29 мај ќе гостуваат во Сараево против Босна и Херцеговина на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“, додека на 1 јуни ќе играат во Истанбул против Турција на „Шукру Сараџоглу“ со почеток од 19:30 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Враништа 2026: Висок пораз за „мечињата“, АСП ПАК ја доби драмата со Хотел Тино, Екстра Скопско „испука петарда“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Враништа 2026“ започна нокаут фазата со првите три натпревари. Во првото соочување Златара Бени и Ерол ја...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вјолца Изеири го доби пржинското дерби, Јанчева ќе им суди на Тиверија Брера и Ас Јунајтед, Велевачкоска на центарот во Битола

Денес ќе се одиграат натпреварите од претпоследното 26. коло на Првата женска фудбалска лига, познати се и официјалните лица за сите натпревари. Виолета...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски: Црна Гора треба да ни покаже колку имаме прогрес во нашата форма

Откако на средината на оваа седмица машката сениорска репрезентација на Македонија се...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станиќ го објави списокот на фудбалери за дуелот со Бугарија

Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ ги објави имињата на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Петмина дебитанти на списокот на Седлоски за БиХ и Турција

Селекторот на А репрезентацијата, Гоце Седлоски го соопшти списокот на фудбалери кои...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!