Ракомет

Јапонски репрезентативец кој настапуваше во Лигата на шампионите пристигна во Охрид!

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на тимот за новата сезона, откако клубот го претстави Шуичи Јошида како шесто официјално засилување за сезоната 2026/2027.

Станува збор за 25-годишниот јапонски репрезентативен пивот, висок 193 сантиметри, кој во Охрид доаѓа со богато интернационално искуство и ќе го носи дресот со број 5. Договорот е потпишан на една сезона со можност за продолжување и за сезоната 2027/2028.

Јошида во редовите на охридскиот суперлигаш пристигнува од францускиот гигант Нант, каде настапуваше две сезони и играше важна улога и во домашното првенство и во Лигата на шампионите. Пред ангажманот во Нант, јапонскиот интернационалец настапуваше и за Данкерк во Франција, како и за Азоти Тарнов во Полска.

Покрај клупските успеси, Јошида е стандарден член и прв пивот на репрезентацијата на Јапонија, а во 2024 година беше прогласен и за најдобар пивот на Азиското првенство.

„Здраво Охрид! Здраво Рибари! Јас сум Шуичи Јошида, јапонски репрезентативен пивот. Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и да ги запознам нашите навивачи! Се гледаме наскоро Охриде!“, изјави Шуичи Јошида.

Со ангажманот на Јошида, ГРК Охрид јасно покажува дека има високи амбиции за следната сезона и дека сака уште поконкурентен тим на домашната и европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Максути од пенал во 93. минута го реши дербито: Љуботен на „плус четири“ пред Скопје

Љуботен со гол од пенал во судиското продолжение го доби дербито против шампионот Скопје со 3:2 и ја зголеми предноста на врвот во...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!