Ракомет

Митревски: „Одигравме феноменално против Охрид, екипа која годинава игра европско финале“

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

По големата победа на РК Еурофарм Пелистер на гостувањето кај ГРК Охрид, во изјава за Спортска Мрежа, голманот Никола Митревски, не го криеше задоволството од изданието на својот тим. Искусниот чувар на мрежата и македонски репрезентативец, беше еден од најзаслужните за триумфот, запишувајќи дури 16 интервенции во едно од клучните соочувања сезонава.

Митревски истакна дека дуелот бил исклучително тежок, особено поради заморот од репрезентативните обврски и краткото време за подготовка. Сепак, според него, и покрај тоа што тимот немал ниту еден комплетен тренинг, пелистерци одиграле на високо ниво против квалитетен противник каков што е Охрид.

„Навистина тежок натпревар, и тоа после само три дена од квалификацискиот натпревар со Словачка. Имавме доста репрезентативци во нашиот тим, немавме ниту еден целосен тренинг, но за среќа тоа воопшто не се виде на теренот – одигравме феноменално против еден противник како екипата на Охрид, којашто игра финале на едно европско натпреварување.“

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Голманот на битолчани зборуваше и за атмосферата во салата, нагласувајќи дека натпреварот имал вистински дерби амбиент. Воедно порача дека иако победата е огромен чекор кон второто место, работата сè уште не е завршена и тимот мора максимално фокусирано да влезе во последното коло од плеј-офот.

„Одлична атмосфера, право дерби, полна сала, честитки заслужуваат сите присутни во салата, кои даваа поддршка на својот тим. Сега ни преостанува уште еден натпревар во последното коло од плеј-офот, победа таму ни носи второ место..но ништо не е завршено, има уште за играње.“- изјави Митревски за Спортска Мрежа.

РК Еурофарм Пелистер во последното коло ќе има шанса пред својата публика да го потврди второто место на табелата и да обезбеди пласман на европската сцена следната сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!